Услови на користење

Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
 
Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на vinkom.com.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
vinkom.com.mk ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ
 
vinkom.com.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. vinkom.com.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
 
2. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери или нашите доставувачи на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или банкарски преку трансакциона сметка.
 
Трошоците за испорака се бесплатни
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.