Винком е фабрички авторизиран сервисен центар за Кирби производите.
Во склоп на фирмата е организиран сервис кој е фабрички овластен и веќе години работи само за потребите на сопствениците на КИРБИ системите за одржување на хигиена.Работи и со продажба на потрошен материјал:филтер кеси, ременчиња, секаков вид четки, како и продажба на оригинални средства со различна намена за одржување на хигиена во домот од палетата на Кирби компанијата.
ВИНКОМ е издавач на гаранција која важи од денот на продажбата и заверката на гарантниот лист и која за комерцијална употреба е 1 година а за домашна употреба е 3 години. Со гаранцијата Винком гарантира дека производот ќе функционира исправно и ќе служи за својата намена доколку правилно се користи-според упатството за употреба.
Издавачот на гаранцијата се обврзува дека во гарантниот рок бесплатно ќе ги отстрани сите дефекти и ќе ги замени деловите на кои сервисот ќе утврди грешка во изработка и монтажа на истите.
Од гарантни обврски се исклучуваат дефекти кои настанале поради не придржување кон упатствата за употреба или употреба на несоодветен потрошен материјал и средства како и дефекти поради механичко оштетување. |
|