Средство за чистење на плочки и фуги
Чисти и обновува подови со керамички и порцелански плочки употребувано со Кирби со ротирачката четка за плочки и фуги.Со соодветна употреба целата површина со плочки ќе изгледа како нова.Пред употреба прочитајте го упатството.
УПАТСТВО:
1. Тестирајте на незабележителни делови;
2. За многу валкани области прво нанесете Кирби предтретман за плочки и фуги директно на фугите.
3. Работете на мали делови,нанесете од Кирби средството директно на подот.
4. Рибајте ја валканата површина со Кирби ротирачката четка за плочки и фуги.
5. Повторете ја процедурата за чистење по потреба.
6. Оставете подот комплетно да се исуши пред да се движите по површината.
7. Исплакнете ги сите компоненти со топла вода откако ќе завршите .
ЗАБЕЛЕШКА:Да се употребува само на подови.Мокрите површини може да бидат лизгави.Да не се употребува во резервоарот од Кирби системот.Да се употребува само според упатството.Почитувајте добра индустриска хигиенска практика.Измијте ги рацете по употребата.Да се чува настрана од некомпатибилни материјали.Ослободете се од содржината/пакувањето согласно со правилата.
ДА СЕ ЧУВА НА МЕСТА НЕДОСТАПНИ ЗА ДЕЦА.
Потекло САД / Производител КИРБИ КОМПАНИ
Увозник ДООЕЛ Винком Скопје