Средство за чистење на теписи од нечистотии и мириси од домашни животни
Средството за чистење на теписи од нечистотии и мириси од домашни животни соджи природни ензими кои се впиваат во тепихот и брзо ја одстрануваат нечистотијата и миризбата од животните.
УПАТСТВО:
1. Одстранете го поголемиот дел од нечистотијата и исчистете ја дамката со бела чиста крпа.
2. Нанесете од средството врз целата површина на дамката.
3. Оставете неколку минути да делува.
4. Исчистете ја површината со една чиста,бела и сува крпа,упивајки го средтсвото.
5. Ако сеуште се појавува дамката,нанесете повторно од средството и оставете ензимите да делуваат преку ноќта покривајки ја површината со влажна и чиста крпа.
6. Тргнете ја крпата наредниот ден,впијте го остатокот од средството и оставете да се исуши.
7. Кога ќе биде суво исчистете го ќилимот со правосмукалка.
ВАЖНО:
Тестирајте ја постојаноста на бојата .Со чиста бела крпа втријте од средството на скриен дел од тепихот. Ако тепихот ја промени бојата или бојата се пренесе на крпата не го употребувајте средството.
ОПАСНОСТ:
Овој продукт може да ги иритира очите.Ако дојде до контакт со очите , плакнете со вода 15 минути или повикајте лекар.
ДА СЕ ЧУВА НА МЕСТА НЕДОСТАПНИ ЗА ДЕЦА.