Гаранција
УСЛОВИ на ГАРАНЦИЈА
Претпријатието "ВИНКОМ ДООЕЛ" - Скопје издавач на гарантниот лист превзема гаранција дека производот ке функционира исправно и ке служи на својата намена доколку се применува упатството за употреба.
ГАРАНТЕН РОК
Важи од денот на продажбата и заверката на гарантниот лист и за комерцијална употреба е 12 месеци, а за персонална употреба е 36 месеци. Издавачот на гаранцијата се обврзува дека во гарантниот рок:
-Бесплатно ке ги одстрани сите дефекти и ке ги замени деловите на кои ке се утврди грешка во изработка и монтажа на истите.
-Ке ги изврши сите поправки на уредот во рок од 10 дена од денот на писменото пријавување на дефектот, а доколку не изврши поправка на уредот во овој рок истиот ке го продолжи за онолку денови за колку што е пречекорен рокот за поправка.
Во случај уредот да не биде поправен во рок од 20 дена или дефектот воопшто да не може да биде одстранет, корисникот има право да бара замена на уредот. Упатувањето како и пуштање во работа на KIRBY производот се вршат на терет на давачот на гаранцијата.
Од гарантни обврски се исклучуваат
-Делови кои припаѓаат во редовно одржување на уредот и по природа се трошат и заменуваат со нови (ремен, сијаличка, хартиени вреки, влакна на четки, задни тркала, ... ).
- Поправка на уред на кој му е отстранет серискиот број т.е. датата на производството на вградените делови.
- Дефекти кои настанале поради не придржување кон упатствата за употреба и одржување или со употреба на несоодветен потрошен материјал и средства.
-Дефектите поради механичко оштетување (турбина, црево, цевки и сл.)
Гаранцијата престанува
- Ако се утврди дека пуштањето и упатувањето во работа го извршило неовластено лице или ако во уредот е вграден дел кој не е оригинален.
- Ако се утврди дека уредот е купен од не авторизиран дилер, препродаден итн.
Гаранцијата се докажува со примерок од гаранција од KIRBY компанијата.